Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Владата размислува самостојно да инвестира 1,5 милијарди евра во Чебрен и Галиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Државата е многу блиску до конечна одлука самостојно да го реализира проектот „Чебрен и Галиште“, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за стратешка инвестиција во водната и енергетската иднина на земјата.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како би се финансирал проектот, чија вредност се проценува на околу 1,5 милијарди евра, Мицкоски рече дека Владата веќе направила пресметки и разгледува можност целиот комплекс на хидроцентрали на реката Црна, над постојната ХЕЦ „Тиквеш“, да се гради како државен проект.

— реклама —

„Имаше многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства и процеси проследени со сомнежи. Веруваме дека треба да се обидеме, народски кажано, да стиснеме заби и сами да го изградиме овој проект“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека се водат разговори за формирање синдикат на меѓународни финансиски институции и дека, доколку тие завршат успешно, веќе следната година би можел да биде поставен камен-темелникот на проектот.

— реклама —

Според премиерот, значењето на Чебрен не се сведува само на производството на електрична енергија. Тој нагласи дека во услови на климатски промени, акумулациите би претставувале важни резервоари за вода, а дополнително би придонеле и за обезбедување наводнување за околу 60.000 хектари земјоделско земјиште во Тиквешкиот Регион.

— реклама —

„Ова е амбициозна најава, но не е невозможна. Многу сме блиску до конечна одлука самата држава да го гради овој проект“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања