Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Владата во Унгарија отвори истрага за кредитот што ѝ беше одобрен на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Унгарската влада покрена истрага за кредитот од една милијарда евра што претходната влада на Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија преку државната банка „Ексимбанк“, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот Петер Маѓар изјави дека заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти и целосно обезбеден со државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на „Ексимбанк“ што во моментов се предмет на проверка.

— реклама —

Маѓар, кој по априлските избори ја презеде власта по 16-годишното владеење на Виктор Орбан, најави борба против корупцијата и преиспитување на работењето на претходната влада.

— реклама —

Според него, постои сомнеж дека средствата наменети за поддршка на унгарските компании биле искористени за зајакнување на политички сојузник во странство и можеби за фаворизирање компании блиски до претходната власт.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и политички сојузник на Орбан, во 2024 година соопшти дека обезбедил кредит од Унгарија.

— реклама —

Маѓар изјави дека Министерството за економија и енергетика до полицијата пријавило четири случаи поврзани со „Ексимбанк“, меѓу кои е и кредитот за Македонија, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела.

— реклама —

„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјави Маѓар.

Во меѓувреме, унгарската влада до парламентот достави предлог-закон за формирање канцеларија за борба против корупцијата, а Европската комисија објави дека Унгарија ќе се приклучи на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 6 дена

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 4 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања