Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Владеачката коалиција со пратеник повеќе, ТДП го менува дресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави зголемување на владиното мнозинство со уште една партија од опозицијата, Турската демократска партија, која има еден пратеник во Собранието.

— реклама —

„Ќе ги информирам членовите на Извршниот комитет дека во полн ек се преговорите со Турската демократска партија да биде дел од владината коалиција, односно да бидам уште подиректен, да биде дел од коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголем партнер во рамките на владината коалиција“, рече премиерот Мицкоски во интервју за Телма.

— реклама —
— реклама —

Тој нагласи дека со приклучувањето на ТДП, владиното мнозинство се зголемува со уште еден пратеник кој претходно беше во опозицијата во рамките на Европскиот фронт.

— реклама —

„Очекувам овие разговори да завршат успешно, разговараме за подолг период, за период којшто би завршил со завршувањето на локалните избори во 2029 година. Така што, принципиелно на овој начин би се формирал новиот владин кабинет. Во прва фаза би имале некаде смени, во зависност како ќе се завршат преговорите со ТДП, така ќе имаме дополнително уште еден член во рамките на владината коалиција. Потпретседател за добро владеење нема веќе да има како ресор во рамките на Владата, туку тоа портфолио директно ќе биде под ингеренциите на претседателот на Владата“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања