Промени тема
Контакт

Власта ја избра партиската суета наместо заштита на жртвите на семејно насилство, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

„На вчерашната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлог-измените на Кривичниот законик, со кој Левица предлагаше кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност, без предлог на жртвата. Ваквата партиска суета и ароганција на владејачкото мнозинство, јавноста ја сведочи во континуитет. Додека декларативно се залагаат за борба против семејното насилство, нивното вистинско лице е лицемерие – зборови без дела, кампањи без конкретни чекори“, соопшти Левица.

— реклама —

„Потсетуваме дека пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на Кривичниот законик (односно, измена на членот 130, став 5) во насока на зголемена превенција во борбата против семејното насилство. Емпириските податоци говорат дека сегашното законско решение, кое бара писмена согласност од жртвата за гонење на телесната повреда при семејно насилство, не само што е нефункционално, туку е и штетно.

— реклама —

Фактичката состојба укажува дека законодавецот не ги зел предвид психолошката состојба на жртвата, заканите, притисоците и надворешните фактори на емотивно ранливата жртва. Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони без предлог од жртвата, тоа ја олеснува позицијата на жртвите и обезбедува независна интервенција од страна на државата. Во повеќе трагични случаи на фемицид, токму ваквиот пропуст, кога жртвата го повлекува предлогот за гонење под притисок, резултираше со изгубени животи кои државата можеше да ги спаси!

— реклама —

Тоа што пратениците од власта ја одбија измената на Кривичниот законик, само поради тоа што доаѓа од Левица, ја покажува нивната ниска политичка свест и совест, која не може да ги надмине теснопартиските интереси. За жал, ваквото штетно политичко делување на владејачкото мнозинство, ќе се рефлектира директно врз жртвите на семејното насилство, кои освен формални кампањи и празни флоскули во борбата против семејното насилство - се целосно оставени сами од страна на државата.

— реклама —

Со ова, коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ја презема целосната одговорност за идните трагедии кои можеа да бидат спречени со еден глас за промена. Ова не е само прашање на закон, туку прашање на човечност и обврска кон оние кои немаат глас, но имаат право на живот, достоинство и заштита“, се наведува во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања