Промени тема
Контакт

„Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ преку соопштение обвини дека по епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, надлежните институции сега и официјално признаваат дека постои ризик од појава на хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.

Од опозициската партија велат дека токму на ова предупредил проф. д-р Венко Филипче уште минатата недела, оценувајќи дека институциите задоцниле со реакцијата и не презеле навремени мерки додека, како што тврдат, граѓаните користеле загадена вода.

— реклама —

Според СДСМ, јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Од партијата бараат да се објави кој ги изработил анализите, кој го одобрил извештајот и врз основа на кои параметри било утврдено дека водата е безбедна.

— реклама —

СДСМ повика итно да се спроведат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите целосно да бидат објавени пред јавноста.

— реклама —

Воедно, партијата смета дека за случајот во Гостивар треба да има не само политичка, туку и кривична одговорност и побара одговорност од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите, како што наведуваат, кои знаеле за состојбата, а не презеле соодветни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 22 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања