Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВЛЕН: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dui

„ДУИ за 20 години власт ги искористи Албанците за гласови, со цел да условува и гласаaт за партијата, ги држеше на „Stand By“. ВЛЕН ветува дека ќе ги реши сите неправди кон Албанците кои се оставени без да се реши нивниот работен статус од ДУИ“, велат од ВЛЕН.

— реклама —

„Ова е болна рана што ДУИ ја остави во наследство за сите Албанци. Ова е раната на манипулацијата со егзистенцијата на Албанците. ДУИ манипулираше со опстанокот на Албанците. Таков беше неодамнешниот случај на 21 вработени во Здравствениот дом во Куманово, каде ДУИ спротивно на законот ги манипулираше овие Албанци давајќи им договори без согласност на Министерството за Финансии. Имаме должност да обезбедиме законитост и транспарентност во управувањето со јавните средства и да спречиме какви било неправилности кои би можеле да го оштетат јавниот буџет. Раскинувањето на овие договори е неопходен чекор за заштита на буџетот и исполнување на законските обврски.

— реклама —
— реклама —

ВЛЕН нема да си поигрува со судбината на Албанците држејќи ги во заложништво, но се обврзува на овие Албанци кои ДУИ ги држеше како заложници, да им се обезбеди работа согласно законот за работни односи.

— реклама —

Албанците заслужуваат достоинствен живот, заслужуваат подобро“, соопшти ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања