Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВЛЕН: Лани ДУИ ја разреши, денеска лее крокодилски солзи за Весна Дамева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VLEN-press

Со своја реакција за оставката на Весна Дамева се огласи и ВЛЕН:

— реклама —

„ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозиција почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите.

Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа 'утеха' во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат 'непристрасна правда'. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.

— реклама —

Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност.

Уште еднаш се потсетуваме на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот шеф на бел коњ, Никола Груевски. И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку 'своите' во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.

Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ лее крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми - член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласa и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што и одговараат на поранешната власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Македонија | пред 3 дена

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 3 дена

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ВЛЕН: Стариот лисец Ахмети од вчера стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања