Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: АД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
120190420_222432

,,Работењето на АД МЕПСО под претходното раководство е сомнително по неколку основи, а особено во делот на давање донации.

За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило по овој основ 22.712.500 денари.

— реклама —

Законот за донации и спонзорства согласно член 11 предвидува да се утврди целта на донација и истата да биде од јавен интерес.

Оттука се поставуваат прашањата.

— реклама —

Прво, кој е јавниот интерес кога станува збор за донацијата на АД МЕПСО, односно од донацијата за Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор. Здружението добило 120.000 денари.

Второ, СЕСОН добило 300.000 денари и ОФ на Македонија добило 1.000.000 денари, а нема никакви јавни податоци.

Трето, Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца од АД МЕПСО добил 300.000 денари во месец април оваа година.

— реклама —

Четврто, боречки клуб Тефејуз Скопје од АД МЕПСО добил 300.000 денари.

Објавеното е само мал дел од листата на донации кои ги давало АД МЕПСО, а за кои има основано сомнение дека не е почитуван Законот.

— реклама —

Затоа прашуваме, прво, дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата, извештаи согласно закон се задолжителни, второ, дали врз основа на извештаите јасно е утврден јавниот интерес, односно користа од донацијата за јавноста?

Јавноста ќе ја информираме за сите неправилности, а за истите надлежните институции треба да реагираат веднаш. Одговорност за непочитување на правните норми мора да има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 39 минути

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 45 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања