ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека бара уште веднаш да се свика седница на Комисијата за надзор на АНБ, а веќе следниот работен ден – во вторник во 09 часот – да се изврши увид во просториите на Агенцијата за национална безбедност.
Партијата оцени дека СДС „докажува“ оти го следел Христијан Мицкоски, откако, како што наведуваат, „се излетаа“ на прес-конференција.
Во однос на одложената седница, ВМРО-ДПМНЕ упати порака до СДС „причината да ја побараат кај нивните коалициони партнери“ – Скендер Реџепи и ДУИ.