Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Закажана 15. седница на Советот на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

ОО
ohrid-markica

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, ја свика 15. седница на Советот, која ќе се одржи на 30 септември 2026 година, среда, со почеток во 9 часот, во зградата на Општина Охрид.

На седницата, меѓу другото, ќе се разгледува предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Градски пазар“ – Охрид за 2027 година, како и предлог-одлука поврзана со изменување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски комуналец“.

На дневен ред е и предлог-одлука за дефинирање на начинот и условите за издавање под закуп на деловен простор, ресторан и типизирани куќарки на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

— реклама —

Советниците треба да разгледаат и предлог за избор на најповолен приватен партнер за воспоставување јавно-приватно партнерство за поставување фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на Охрид.

Меѓу точките е и предлог-одлука за трајно користење на сензори за мерење на исполнетост на контејнери, со вклучен софтвер и безжична комуникација, на ЈП „Охридски комуналец“, како и предлог за пренесување на правото на користење на камиони за собирање смет, сопственост на Општина Охрид, на ова јавно претпријатие.

— реклама —

На дневен ред се и повеќе предлог-одлуки поврзани со урбанистичка документација, експропријација на градежно земјиште и вклопување на бесправно изградени објекти во Косел, Лескоец и Долно Лакочереј.

— реклама —

Ќе се разгледува и предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела во Косел, со намена за лесна и незагадувачка индустрија, како и предлог за урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.3 од УПВНМ на дел од туристичкиот локалитет Горица - Св. Стефан - Метропол.

На почетокот на седницата е предвидено и усвојување на записникот од 14. седница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Кој ќе го наследи Коцевски? Советот денеска ќе назначува в.д. државен јавен обвинител

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2023-10-02-at-20.45.41

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на АНБ

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-03-at-16.01.12

(Видео) Хаотична седница на Град Скопје, заврши пред да започне

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања