Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кој ќе го наследи Коцевски? Советот денеска ќе назначува в.д. државен јавен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Откако Љупчо Коцевски пред два дена поднесе неотповиклива оставка – потег што го соопшти на прес-конференција веднаш пред собраниската расправа за неговото разрешување – денеска Советот на јавни обвинители ќе треба да определи негов наследник на функцијата вршител на должност државен јавен обвинител.

— реклама —

Седницата е закажана за во 11 часот, а одлуката ќе се носи согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде е утврдено како се назначува в.д. јавен обвинител во вакви ситуации.

— реклама —

Владата го предложи разрешувањето на Коцевски со образложение дека направил сериозни професионални пропусти со кои бил нарушен угледот на институцијата. Коцевски, пак, тврдеше дека процесот против него е политички мотивиран и дека се создава преседан со далекусежни последици.

— реклама —

„Уште од почетокот говорев дека постапката за мое разрешување е политичка. Затоа денеска поднесов неотповиклива оставка“, изјави Коцевски на прес-конференцијата.

Денешниот избор на ВД ќе значи премостување на периодот и нормално функционирање на обвинителството до избор на нов државен обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2023-10-02-at-20.45.41

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на АНБ

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-16.01.12

(Видео) Хаотична седница на Град Скопје, заврши пред да започне

Скопје | пред 9 месеци

13

Конститутивна седница на 11-от парламентарен состав

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања