Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „ЦБД Медплант“, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB


Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на сериозни индиции кои бараат итна истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев.

— реклама —

Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70%.

— реклама —

Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба. Оти таквата иницијатива не доби поддршка, следеше интензивно издавање лиценци за медицински канабис, при што значителен број од нив завршија кај лица поврзани со структурите на власта.

Измените на Правилникот за одгледување на канабис што ги овозможиле во 2023 година, кои се спротивно на закон и се однесуваат на одгледување на канабис на отворено и производство кое не ги исполнува ГМП стандардите, отвораат сериозни прашања за законитоста на процесот.

— реклама —

Каква е легитимноста на цел бизнис ако производот не може да се лиценцира или продава како кој не ги исполнува ГМП стандардите за медицинска употреба?

— реклама —

Ова е момент за институционална одговорност. Јавното обвинителство и надлежните органи мораат итно да истражат и за лиценците и како биле доделувани истите и за измените на подзаконските акти и да ја истражат можната поврзаност на функционери од минатата власт во земјава.

Граѓаните заслужуваат транспарентност и правда и ова не е прашање што може да се одложи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 58 секунди

— реклама —
media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 23 часа

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања