Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО-ДПМНЕ: Искрениот Стево кој кажа дека и при промена на власта европскиот пат продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себедемантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието.

Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине.

— реклама —

Пендаровски се обидува да го наметне наративот дека само тој и СДСМ биле проевропска опција и дека ако не биле тие на власт евроинтеграциите ќе пропаднат. И оваа реторика на поделби му се појави сега кога се наближија изборите, што само покажува дека на Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла.

— реклама —

Но и самиот Пендаровски не верува на оваа реторика. Тој во момент на искреност, која ретко ја имал, признава дека и при промена на власта Македонија нема да отстапи од својот европски курс и евроинтеграциите ќе продолжат. Да го цитираме: “ мојата проценка од оваа позиција во која се наоѓам, кај што можам да ги гледам процесите и информациите од еден друг аспект и да имам и повеќе информации, од просечниот граѓанин кој си има и други приоритети во животот, е дека стратешката насока и при евентуална промена на власта нема да се менува“ (затворен цитат).

— реклама —

Фала многу на искрениот Стево кој најдобро го демантира Пендаровски кој сега пробува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, кој оди на меѓународни конференции и ја кодоши ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе добие поголема поддршка. Епа се лаже. Овој изблик на искреност на Пендаровски пред некое време е најдобриот одговор на сите лаги на кои тимот на Пендаровски ќе ја гради кампањата.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 1 ден

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања