Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме претставка до Антикорупциска, а јавноста очекува одговор на прашањето зошто Венко Филипче криел имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите.

Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година.

Што пријавил Венко Филипче како министер за здравство?

— реклама —

Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година.

Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година.

— реклама —

Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Што пријавил Венко Филипче избран за пратеник на изборите во мај 2024 година?

Прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година - не е пријавен кога бил министер, а го имал.

— реклама —

Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година - не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година - не се пријавени кога бил министер, а ги имал.

— реклама —

Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба - не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Кога Венко Филипче молчи, ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесеме копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година. Од анкетни листови се гледа дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори.

Институциите треба да постапуваат, а постапката треба да биде навремена и транспарентна.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања