Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
bisera-1

,,Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета.

За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела.

— реклама —

Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти. Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично.

Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби.

— реклама —

Ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец.

— реклама —

Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат.

Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета.

— реклама —

Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета.

А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 3 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања