Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија стана балкански нарко-центар под Заев и Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Последната заплена од околу 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот „медицински канабис“ бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци кои беа издавани во време на Заев и Филипче.

— реклама —

Околу 70 проценти, односно околу 30 тони од запленетата марихуана, потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев.

— реклама —

Лиценците за производство на канабис во тоа време не се издавале според јасни и строги критериуми, туку според партиска и лична блискост со СДС, Заев и Филипче.

Паничните реакции на Заев и Филипче по откривањето на случајот, дополнително ја потврдуваат нивната вмешаност.

Нервозата кај Заев паничните јавувања, објавите на социјалните мрежи и сомнителните движења на Филипче даваат дополнителен сомнеж. Сето тоа личи на гасење пожар а не на однесување на луѓе кои имаат чист образ.

Сите овие индиции укажуваат на сериозна поврзаност меѓу поранешната власт и криминалот со марихуана.

Јавното обвинителство темелно, целосно и неселективно да го истражи случајот. Како се издавале лиценците, кој стои зад компаниите, каде завршувала произведената марихуана и кој ја штител нелегалната трговија. Кој и колку профитирал?

Законот мора да важи за сите подеднакво. Јавноста очекува одговори, а институциите мора да покажат дека никој не е над законот. Законот мора да важи и за Заев и за Филипче и за нивните соработници. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување марихуана по констатирани законски пропусти

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Полицијата влезе во уште една фабрика за марихуана, овојпат во валандовско: нова акција на МВР и Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Клуч на врата за шест фабрики за производство на марихуана

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања