Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот во здравството продолжува и со петтиот министер за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
120190420_222336

,,Ресорот здравство го направија дувло на непотизам, без критериуми и по истиот принцип се вработува кадар и на клиниките, иако тие се врвни здравствени установи од терциерно ниво. Без долгогодишна кадровска стратегија за континуирано надополнување на потребниот медицински кадар, без системска грижа за едукации и пренос на знаење и со нерешавање на статусот на голема група здравствени работници кои се со договор на дело и посветено работат и се грижат за граѓаните, Владата направи штета на долг рок, а здравството е вратено наназад за неколку децении.

Не се реши статусот на здравствените работници кои работат со договор на дело со години, но експресно функционерите од власта веднаш ги ухлебија своите семејни лози.

— реклама —

Јавноста остана за покуса за отчет и одговори.

— реклама —

Дали и сопругата на министерот за правда Кренар Лога се вработи на Клиниката за стоматологија и дали нејзиниот брат е сега шеф на кабинет на министерот за здравство, Илир Демири? Примерот за семејни лози кои се вработуваат во најсензитивниот ресор здравство го следат ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Урологија и ќерката на директорот на Очна клиника. Овие непотистички стебла го урнисуваат и онака кревкото здравство, а Владата на СДС и ДУИ е одговорна за егзодусот на медицинскиот персонал. Долги и макотрпни се процедурите за медицинскиот кадар кој работи повеќе години со договор на дело, но едноставни се процедурите за вработување на семејните лози на одродената власт кои се нетранспарентни. Ќе остане запаметено дека помалку важниот коалиционен партнер СДС, се задоволува со сооднос од 50% за вработувања и 50% на кадар од ДУИ.

— реклама —

Поради ваквите неадекватни политики и заради тоа што никогаш не било полошо, граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартира.

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди решение - мерка за решавање на статусот на вработените во здравството кои немаат решен статус и ќе се залага за квалитет во здравството, со заложба за менаџирање со знаење, струка и интегритет во интерес на сите граѓани и целокупниот здравствен систем.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvb8ks56abgs65VXPh3n

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се фатени во соработка со бугарски националисти

Македонија | пред 31 минута

— реклама —
ck-dpmne

По повод 24 Мај, ВМРО-ДПМНЕ порача: Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Кирил и Методиј

Македонија | пред 39 минути

media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче фатен во соработка со Виктор Стојанов од Бугарија со единствена цел прифаќање на бугарските диктати

Македонија | пред 20 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС повторно демантирани, Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања