Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена.

— реклама —

Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.

Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?

— реклама —

Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност?

Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?

— реклама —

Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери.

Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.

— реклама —

Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.

Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања