Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Од народни пари Љупчо Дон Николовски префрлил половина милион евра на сметка на фирма на мајката на сопственикот на НИКОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
120190420_222432

,,Љупчо Николовски, додека бил на функција наместо да мисли за државата и да биде министер за сите, тој се однесувал како дон или бил Љупчо Дон Николовски заинтересиран за партијата.

Љупчо Дон Николовски злоупотребувал народни пари и неколку години по ред ги исплаќал милионски суми без основ на фирма блиска до СДС. Тоа го правел преку договори со фирмата Арекспорт од Струмица, односно дал под закуп државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.

Арекспорт е фирма зад која стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен лик за тендери на СДС, почнувајќи од ЕВН, преку државни институции како Град Скопје, Влада, па пак се до прифатни фирми, поточно лаборатории од периодот на ковид отворени во време на Филипче.

— реклама —

Лазарови како блиски пријатели Заев и Филипче се главни столбови на СДС и токму затоа и Љупчо Дон Николовски префрлувал милиони на Арекспорт.

Прво, Арекспорт склучила неколкугодишен договор за закуп со Министерството за земјоделие за наводни лозови насади.

— реклама —

Второ, наместо лозов насад стотиците хектари биле наменети за едногодишни култури. Ова е спротивно за договор за закуп, потоа спротивно е и што давале на други лица да ја работат земјата.

Трето, фирмата не плаќала ниту за закупот на земјиште. Или Арескпорт не платила закупнина во висина од 30 илјади евра за 2022 и 2023 година.

Фактот што воопшто не се работело по договорот за закуп е основ за раскинување на истиот, но Дон Николовски не се интересирал за правните норми, туку за партиските правила.

— реклама —

Оттука фирмата на семејството НИКОБ добила 485.000 евра за субвенции на кои немала право.

Дон Николовски да каже зошто не го раскинал договорот кога фирмата не го почитувала истиот?

— реклама —

Дон Николовски да каже каков интерес имал тој, а каков партијата и поединци од партијата?

Дон Николовски е на дело фатен во криминал и за истиот треба да одговара.

Денес продолжуваме со нови докази за тоа колку е оштетен буџетот, а надлежните институции треба да постапуваат навремено и транспарентно.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања