Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски не можеше да го тргнеш од екраните, сега откако пукна скандалот го снема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,, Пендаровски се крие со денови од медиумите и јавноста. Како да испари, а само до пред еден месец човек не можеше да го тргне од екрани и интервјуа. Мисли дека ако бега од одговорите ќе се спаси од скандалот за соработката со мешетарот Асаф Еисин, кој само пред неколку дена самиот го призна.

Имено Пендаровски прво негираше, ама после кажа дека остварувал контакти со израелскиот консултант кој првенствено е задолжен за негативна кампања. Пендаровски после тоа невешто сакаше да прикаже дека овој консултант е ангажиран од СДС, но со тоа уште повеќе го зголеми скандалот.

— реклама —

Ангажманот на овој матен, но скап лик, не фигурира никаде, односно не го пријавил ни Пендаровски, ни СДС. А дека соработуваат со него може да се претпостави по негативната кампања на која ја базираат својата реторика, затоа што и друго немаат што да кажат. Е сега, ако не го пријавуваат неговото работење, тогаш тоа значи дека го плаќаат скапо со црни пари.

— реклама —

Постојат индиции дека овие црни пари се всушност парите испумпани од криминални тендери во РЕК Битола?

Сето ова Пендаровски, Ковачевски и СДС не го демантираат, што значи дека сето ова е точно. Да го потсетиме Пендаровски, но и Ковачевски и СДС дека ваков противзаконски ангажман во кампања ќе биде испитан и санкциониран.

— реклама —

Дојдено е времето на одговорност.

— реклама —

Заедничката борба е Македонија да биде повторно твоја.

Промените се во твои раце.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarysce36kclaacf6hoh0B8

Конески од конференцијата на УМС најави три проекти за младите: студентски домови, грантови и практиканство

Македонија | пред 1 ден

media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири манипулации за пензиите, официјалните податоци покажуваат раст на платите

Македонија | пред 1 ден

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања