Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски сам призна во јули 2022 година дека доколку не се прифати бугарскиот историски наратив во мешовитата комисија следи ново вето и блокада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vmro_dpmne

,,Стево Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови. Едно време Пендаровски уверуваше дека Kопенхашките критериуми, а не билатералните прашања и историјата ќе бидат условите за влез во Европската Унија. Но наместо тоа, тој и СДС прифатија понижувачки позиции за Македонија во кој историските толкувања на Бугарија ќе бидат клучни во детерминирањето на македонските евроинтеграции.

— реклама —

Имено, како што и сам коментира Пендаровски, доколку членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија не се договорат за одредена личност или настан од македонската историја, тогаш следи вето и нова блокада. Оваа изјава е дадена во јули 2022 година. Ако Пендаровски е свесен за ова, тогаш се поставува прашањето зошто прифаќа Македонија да влезе во бескрајни преговори во кои ќе биде уценувана со историската Комисија со Бугарија?

— реклама —
— реклама —

Пендаровски и СДС во континуитет прифаќаат кукавички јајца во македонските евроинтеграции. Тоа е недозволиво. Со право народот вели дека немаме држава, немаме претседател и немаме институции кои ќе ги штитат националните интереси. Пендаровски го изгуби својот интегритет и кредибилитет. Тој го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања