Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДС да манипулираат, тие се заложници на ДУИ и уцените на Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Во текот на последните денови, сведоци сме на постепеното враќање на функционерите на СДСМ од одморите кои ги поминуваат на различни дестинации низ светот. Очигледно, ваквите одмори се заслужени за нив, по седумгодишното пустошење и уништување на институциите. Но, се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДСМ да критикуваат и манипулираат, без притоа сами да ги разбираат поентите што ги презентираат.

Доколку СДСМ мисли дека ќе може да продолжи по истиот пат како досега, со тоа што ќе бидат поддршка и извршители на ДУИ, во сценарија каде што ДУИ преку своите луѓе во институциите спроведува незаконски активности и бегања, а потоа СДСМ како папагали ја префрла вината на други, тогаш длабоко се излажале.

— реклама —

Народот е целосно свесен за ваквите манипулации.

Токму поради овој пристап, СДСМ доби катастрофални 180.000 гласови на изборите и е на добар пат да падне на само 100.000 гласа. Оваа бројка е симболична и покажува дека СДСМ ќе може да функционира само како мала, маргинализирана партија. Со темпото со кое се движат, дури и овие преостанати 100.000 поддржувачи, од кои дел веќе се префрлија кај нас или на друго место, нема да останат со нив уште долго.

— реклама —

Заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, како и уцените кои Ахмети ги држи во фиоките за челниците на СДСМ, вклучувајќи го и нивниот ментор Зоран Заев, се директна причина зошто СДСМ никогаш нема да биде алтернатива на власта.

Ова не е само проблем на СДСМ и на нивното мазохистичко раководство кое ужива во наредбите на ДУИ, туку е и проблем за целата Македонија.

— реклама —

Жално е што СДСМ, кој во минатото има произведено квалитетни кадри, денес се сведе на оваа група луѓе кои, покрај тоа што самите се во заложништво, сакаат Македонија да продолжи да биде во нивните раце.

Преку своите инсталации во судството, обвинителството и безбедносните служби, СДСМ и ДУИ ја држат државата во заложништво, нанесувајќи штета на чесните судии, обвинители, бранители на јавниот ред и мир и на чесните граѓани на Македонија.

— реклама —

Им порачуваме на сите: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи!

И нема компромис со тоа!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 3 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања