Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library4mhc6ssfenpdcTR9R2z

Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало.

— реклама —

 Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо 20 години, купено 2005тата година и од 2017та до сега се потрошени околу 4 милиони евра за поправки.

— реклама —

 Воедно индикативно и би можело да се оцени за крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС Венко Филипче кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.

 Кој Венко се противи, тој кој во 4 ѕида вели купете авион, или тој кој пред микрофони вели не купувајте авион, дадете пари за минимална плата?

— реклама —

 Ова се вика дефиниција за лицемерие. СДС шири лажни вести.

— реклама —

 Дополнително, семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС.

 А кога сме кај парите за минимална плата еве неколку дополнителни предлози за СДС. Тие може да се обезбедат од крадените пари од кои Венко Филипче купи хациенди на Водно, може од парите од провизиите од кинеските вакцини Стабри кои ги договораше Венко Филипче, или пак од парите со кои Заев гради згради во Дубаи, или пак од парите кои Вице Заев ги украде од РЕК и префрли на бугарска фирма“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања