Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО-ДПМНЕ: Складирањето на 30 тони дрога барало четири до пет години, фирмата на Котев работела противзаконски уште за време на власта на Филипче и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn


СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, биле и се синоним на криминал и корупција. Нема пора во општеството да не се копне и од таму да не излезат криминалите на Заев и Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, со последните сомнежи и индиции за нелегално производство и трговија со марихуана, дуото Филипче и Заев, се надградиле со вмешаноста во наркопазарот.

Филипче гордо сликан поранешниот функционер на СДС, човек близок до Заев, Тони Котев, вистински сопственик на фирмата ЦБД Медплант за медицинска марихуана, која од своите почетоци работи со пропусти.

Наспроти тврдењата на Филипче дека додека тој бил министер се било во ред и дека фирмата работела прописно, информациите кои стигнаа до нас го говорат спротивното. Односно, за да се складираат 30 тони дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од околу четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт.

— реклама —

ЦБД Медплант, исто така, лиценца за медицински канабис доби токму од Заев и Филипче во 2020 година, во период кога сакаа да ја легализираат марихуаната и со тоа државата да ја направеле светска туристичка дестинација и на голема врата ја промовираа продажбата на цвет од канабис.

За потоа, во 2023 година по нивна насока да се смени подзаконски акт, односно Правилникот за одгледување марихуана.

Дали поради сето ова, денес Заев и Филипче се преправаат дека не го познаваат лицето Тони Котев, со кој до вчера, додека им течел бизнисот, гордо, рамо до рамо се сликаа.

— реклама —

Се плашат ли Филипче и Заев од целосно расчистување на случајот и дали се точни нашите информации дека двајцата имаат удел во бизнисот со марихуана, па толку голема им е паниката?

Затоа ли патувањето на Филипче кон Грција и јавувањата на Заев кон поединци во царина, се случуваат во тој период и дали случајно и поранешен висок функционер е вмешан во овој нарко бизнис на Филипче и Заев?

— реклама —

Наспроти негирањето и дефокусот од СДС, едно е сигурно, како поминува времето, сè се расчистува и индициите за криминалот со марихуаната водат до Филипче и Заев.

Одговорност мора да има, затоа Јавното обвинителство целосно да го истражи и расветли случајот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 2 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања