Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

,,Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе.

Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите.

— реклама —

Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа.

Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?

— реклама —

Дека натписот на Славјанка е гнасен и одраз на една внатрешна состојба на злоба и лична фрустрација. На Славјанка не и пречеа ни Грчеци, ни фантоми, ни Бела ноца, ни Барон цели 7 години збор не гукна, се јави сега после подолг одмор на луксузна дестинација.

Што мислат граѓаните за нејзе и нејзината работа кажаа на изборите кои беа пред неполни 3 месеци.

— реклама —

Оваа влада е неполни 2 месеци на власт. Институциите и улиците се полни со бандити кои изминативе 7 години ја преземаа државата со помош на корумпираните водства на ДУИ и СДС чиј значаен дел беше Славјанка која ќе повториме се додека седеше во фотелјата не гледаше ништо што се случува. Но, затоа и ја добија казната. Народот гледа што се случува и е свесен каква држава ВМРО-ДПМНЕ наследи и дека е потребно време да се фатат конците.

Криминалот на претходната власт и нејзините инсталации е метастазиран. Но, да знае и Славјанка и сите оние имаат дилеми, Македонија ќе успее. И Македонија ке победи!

— реклама —

Морбидноста на СДС оди дотаму што се подготвени и врз вакви случаи да прават дневна политика. Срамно морбидно и мизерно.

Дополнително, после ова реакција очекуваме дека Славјанка Петровска ќе излезе со сожалување за себе си, како немоќна и кутра женичка против која е целиот свет, но всушност таа во тоа име се расфла со клевети и покажува внатрешни фрустрации.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 3 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања