Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Со колку и какви пари СДС, Пендаровски и Ковачевски го плаќаат мешетарот Исеин?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
120190420_222432

,,Пендаровски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот со ангажманот на мешетари во нивната кампања и мислат дека ако не даваат одговори ќе помине незабележано. Да потсетиме, Пендаровски призна, дека тој и неговата екипа од власта контактирале со Асаф Исеин, мешетар по Балканот познат по негативна кампања, а со оглед на реториката која доаѓа од нивните центри веќе наголемо работат на креирање на поделби, етикетирања на критичарите и навреди кон јавноста и народот.

— реклама —
— реклама —

Значи ја имаме изјава на Пендаровски и го имаме “потписот“ на скапиот балкански мешетар Исеин. Сега останува уште да кажат со колку и какви пари ги плаќаат овие совети? Токму заради ова молчат и Пендаровски и Ковачевски и СДС. Ако го плаќаат Асаф Исеин со црни пари, тогаш прават криминал. Ако неговиот ангажман го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.

— реклама —
— реклама —

Дека очајот е огромен кај власта, тоа веќе не е новост. Дека трошат на ангро да го ублажат поразот, исто така е општо познато. Но исто така апсолутен факт е дека ни странски, ни домашни креатори на негативна кампања нема да им помогнат да се спасат од поразот кој им претстои. Добија можност и цели 7 години простор да направат нешто за народот и за државата, но тие ништо не постигнаа, освен криминал корупција и лично богатење. Затоа сега ништо не ги спасува. Време е за промени!", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarysce36kclaacf6hoh0B8

Конески од конференцијата на УМС најави три проекти за младите: студентски домови, грантови и практиканство

Македонија | пред 1 ден

media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири манипулации за пензиите, официјалните податоци покажуваат раст на платите

Македонија | пред 1 ден

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања