Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
a50e5fa0-b3e6-4eef-ba41-d73b39a8aa95

ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и покрај тоа, Спасовски не донел решение за одземање на овластувањето во законски предвидениот рок. Според нив, ваквото одложување траело цели три месеци, период во кој техничкиот центар продолжил со работа и, како што тврдат, остварил незаконски профит од околу 5,5 милиони денари, односно приближно 90.000 евра.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека пропустот е уште посериозен ако се земе предвид дека автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој беше вклучен во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица, техничкиот преглед го извршил токму во оваа станица во Сарај. Според обвинувањата, лиценцата на техничкиот центар била одземена дури три дена по трагедијата, што отвора сериозни прашања за навременоста и одговорноста на институциите.

— реклама —

„Дали трагедијата можела да се спречи доколку Спасовски постапел навреме? Дали постоел некаков договор со фирмата поради кој била игнорирана законската постапка? И дали одземањето на лиценцата по несреќата било обид за задоцнета реакција поради чувство на вина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека станува збор за тешки институционални пропусти кои не смеат да се повторат и нагласуваат дека јавноста има право да знае кој бил одговорен за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а не ја извршувал таа должност.

ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на случајот и утврдување на индивидуална одговорност, потенцирајќи дека правда и одговорност мора да има, особено кога станува збор за прашања поврзани со човечки животи и јавната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq3dumuaedl9q64juy5i

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад

Македонија | пред 2 седмици

media-library0p36a3c8g4c76zvPTF3

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања