Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов по насока на СДС и Левица одбива зголемување на платите до 40%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
trendafilov

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левица и одработува за нивни интереси, наместо, согласно неговата позиција, да ги штити правата на работниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партија.

— реклама —

Затоа, по насока на СДС и на Левица, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40%.

— реклама —

Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на претседателското столче во ССМ, Трендафилов заедно со неговите другари ја продолжија послушноста која синдикатот ја има историски кон оваа партија.

— реклама —

Како на дугме, кога СДС е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДС е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат, а вработените по институции со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани.

Сега, без никаква економска анализа со 4% инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50%. Додека пак во време на СДСМ, за седум години власт минималната плата не се зголеми за толку, односно 50%, иако имавме енормно покачување на цените по марките, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон.

Тогаш никаде ги немаше ССМ и Трендафилов да се пожалат дека, со тие плати и со така високите цени, во време на власт на СДС македонските граѓани тешко живеат и одвај врзуваат крај со крај.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која мисли за иднината и доброто на работниците и на сите граѓани, затоа и бара и нуди разумни, реално издржливи и економски оправдани решенија.

Да нема негативни ефекти како економска криза, зголемување инфлација, дупки во буџетите, единствено решение коешто моментално може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за околу 14% кое до 2028 година ќе стигне до 40%. Во денари, тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години.

Затоа, упатуваме повик до Трендафилов барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работници, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8bqqf845lj052axKOS0

Петрушевски: Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра за луксуз во Црна Гора

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library0mo56b5f5vdm0oji8CA

Манасиевски: СДС го правда Земон, изјавата за Гоце Делчев не е несреќна, тој и Филипче се пратеници на Бугарија

Македонија | пред 19 часа

media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

„Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library97t2ggm6av78e7pE4pg

Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст, капиталните инвестиции и поддршката на стопанството даваат резултати

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања