Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на националните координатори на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Обвинувањата на СДСМ кон актуелната влада само потврдуваат дека оваа преостаната група луѓе на "Бихаќка" не се во контакт со реалноста која ја оставија зад себе. Власта на СДСМ беше препознатлива единствено по национални координатори за криминал, за манипулации и за незаконски тендери, а тоа го потврдуваат и многубројните скандали кои ги создадоа на секој чекор. Најголем доказ за тоа се координираните активности за набавка на бифтеци, луксузни услуги и тендери со директни фаворизации.

— реклама —

Наспроти тоа, новата влада е фокусирана на создавање на политики кои ќе ги подобрат животните услови на граѓаните, а за тие политики се потребни посветени луѓе со стручност и интегритет. Македонија се иселуваше заради координаторите на СДСМ и нивното катастрофално владеење кое остави банкрот и пустош зад себе. Новата влада, која е на власт само два месеци, е соочена со огромниот предизвик да ги разобличи сите неправилности и коруптивни замки кои ги оставија ДУИ и СДСМ.

— реклама —

Еве ги некои од најпрепознатливите координатори на СДСМ: - Венко Филипче, национален координатор за матни тендери во здравството и за вицевизација на здравствениот систем. - Бојан Маричиќ, координатор за буфтеци, скапи ресторани и XXL поло маички. - Артан Груби, координатор за тендерска документација, игри на среќа и девизна соработка. - Славјанка Петровска, координатор за јавни настапи и незаконска набавка на опрема во координација со Зечевиќ. - Љупчо Николовски, или скратено внучето на Заев, координатор за транспортни компании на брат му и за земјоделски субвенции и ИПАРД корупција. - Оливер Спасовски, координатор за набавка на возила од дистрибутери од Куманово наместо увозници и за тендери за опрема и пасоши. - Благој Бочварски, координатор за безидентитетско однесување и плаќање на проекти кои никогаш не започнале.

— реклама —

Ваква генерација на координатори во СДСМ се вбројува во најславните генерации кои воопшто во поедини полиња успеале во светски рамки, рамо до рамо со легендарната екипа/генерација на Црвена Ѕвезда на Панчев, Барселона на Луис Фиго, Реал Мадрид на Предраг Мијатовиќ и Роналдо Назарио, Бајерн Минхен на Јурген Клинсман и Лотар Матеус. Тоа што овие значеа и донесоа слава и успеси во врвниот фудбал во светот, така оваа златна генерација на СДСМ го достигна врвот во светот по корупција, раскалашеност и уништување на сопствената држава.

— реклама —

Списокот на националните координатори на СДСМ е долг, но препознатлив и впечатлив во светски рамки. Такви лопови светот нема видено досега, а конкуренцијата е сериозна, особено со некои од африканските држави. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги разобличува овие злоупотреби и да работи на создавање на подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани. ”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 час

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања