Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ жестоко одработува за странски интереси, свесно шират невистини за отворените прашања со Бугарија и францускиот предлог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-dpmne-2

„Во изминатиот период целата јавност, сите граѓани, се сведоци на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

Ова крајно неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е штетно за државните позиции и нашите националните интереси.

Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не и мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ.

Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на Македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура.

— реклама —

Знаеме дека многумина тоа го посакуваат тоа, посакуваат и политичка дестабилизација и држење во неизвесност на цел еден народ, но ништо од тоа нема да се случи.

Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи:

— реклама —

Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;

Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;

— реклама —

Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања;

Секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ, Мицкоски ја носи земјата во изолација

Македонија | пред 3 дена

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава - голем срам за нашата татковина

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања