Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во акциска контрола на Охридското Езеро откриени 52 прекршоци, деветмина управувале пловила под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7m229a1tjc5k4cKSvVf

Во координирана акциска контрола спроведена вчера на Охридското Езеро, полициски службеници и инспектори констатирале 52 прекршоци, а кај девет лица било утврдено дека управувале пловен објект под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што информира МВР, акцијата ја реализирале полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанијата на пристаништа – Охрид.

— реклама —

Во рамки на контролите, согласно Законот за внатрешна пловидба, биле проверени вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и 31 лице биле евидентирани 52 прекршоци, меѓу кои недостиг на задолжителна опрема, управување необележани и нерегистрирани пловни објекти, пловидба за време на забрана, управување без одобрение за пловидба, превоз на поголем број патници од дозволениот, како и неносење пловидбена дозвола.

При алкотестирањето, кај девет лица било утврдено присуство на алкохол.

— реклама —

Дополнително, кај пет лица кои изнајмувале педалинки била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат и во текот на летната сезона, со цел доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на безбедноста на Охридското Езеро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 2 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 2 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања