Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во автомобилот си направил бункер, па му најдоа 4,5 килограми кокаин - кога им влегоа дома им најдоа уште кило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kokain

„Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и додаваат:

— реклама —
— реклама —

Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин.

— реклама —
— реклама —

Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

hakeri

Македонија учествуваше во голема меѓународна акција против инвестициски измами: Уапсени седум лица, штетата над 4 милиони евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања