Промени тема
Контакт

Во Бангкок, 70 градежни работници се водат за исчезнати на местото на урната зграда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
19a57115-13bf-4ef2-b238-975ff2eaec64

Во Бангкок, 70 градежни работници се водат за исчезнати на местото на урната зграда, соопшти тајландскиот Национален институт за итна медицина. Тие претходно објавија дека 43 лица се сметаат за исчезнати.

Во соопштението се додава дека во моментот на уривањето на градилиштето биле околу 320 работници, а 20 од нив останале затрупани во шахтите на лифтот.

— реклама —

Бројот на загинатите се уште не е познат, а на терен е поставена теренска болница додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани.

— реклама —

Мјанмарската хунта упати редок меѓународен апел за помош по силниот земјотрес што ја погоди земјата во петокот, при што властите прогласија вонредна состојба во шест региони поради обемот на штетите.

Водачот на Хунтата, Мин Аунг Хлаинг, ја обиколи болницата во главниот град Најпидав, каде што се лекуваат многу од жртвите, објавија новинарите на АФП од местото на настанот.

— реклама —

„Сакаме меѓународната заедница да обезбеди хуманитарна помош што е можно поскоро“, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун за АФП во оваа болница.

— реклама —

Властите не го објавија бројот на жртвите, но фактот дека воената влада, изолирана по државниот удар во февруари 2021 година, апелира за помош, сугерира дека ова може да биде катастрофа од големи размери.

Плиткиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди напладне на 16 километри северозападно од градот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар, по што неколку минути подоцна следеше вторземјотрес со јачина од 6,4 степени, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

Поплави го парализираа Бангкок: откажани летови, стотици илјади домаќинства погодени

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryi40bc1je85evfDVItsT

(Видео) Провалија во срцето на Бангкок, евакуирани граѓани и затворена амбуланта

Свет | пред 1 година

bankok

Војската во Мјанмар пукаше во хуманитарен конвој, избегната нова трагедија: „Не ни кажаа дека доаѓаат“

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Бројот на загинати во Мјанмар драстично се зголеми

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања