Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во британско пристаниште запленети 2,9 тони кокаин во кутии со банани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library56hl32788bjf1UUxLSW
screenshot X

Британските власти запленија 2,9 тони кокаин скриен во пратка со банани во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс, а вредноста на дрогата се проценува на околу 230 милиони евра.

— реклама —

Според британската Национална агенција за криминал (NCA), пратката пристигнала од Јужна Америка, а дрогата била скриена во кутиите со банани. Заплената била извршена во четвртокот од припадници на граничната служба.

— реклама —

Во врска со случајот биле уапсени девет мажи, кои подоцна биле пуштени со кауција.

Од NCA оценуваат дека станува збор за значајна заплена која на организираната криминална група зад пратката ѝ оневозможила огромен профит.

— реклама —

Британските власти потсетуваат дека во февруари 2024 година во пристаништето Саутемптон биле запленети речиси шест тони кокаин, исто така скриен во пратка со банани од Јужна Америка.

— реклама —

Во октомври 2025 година британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јуни до 31 август биле запленети рекордни 15,6 тони кокаин, чија вредност била проценета на повеќе од една милијарда евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6vd14bsc07gbeKfgW3k

Милиони британски домаќинства ќе добијат по 100 фунти за сметките за струја

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library546hq6oso3h8eki0aa4

Британски министер предупредува: Не смееме да им ја оставиме вештачката интелигенција на олигарсите

Свет | пред 2 седмици

media-library62ffift6ugjo6txvDfG

Британците уапсија двајца осомничени за планирање напад врз американска база – се сомневаат во вмешаност на Иран

Свет | пред 3 седмици

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Британија му се заканува на Израел: „Ќе бидат протерани“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања