Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во едно деноноќие приведени 14 возачи, 12 возеле без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 12 од приведените управувале возила без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека двајца возачи биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

— реклама —

Три лица биле приведени во Битола, две во Прилеп, од кои едното е малолетно, две во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. Кај возачот од Ресен биле измерени 0,92 промили алкохол во крвта.

Под дејство на алкохол биле затекнати и по еден возач во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, откако со возилото удрил во паркирано товарно возило.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без возачка дозвола, доколку им е изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 6 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 6 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања