Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во едно деноноќие приведени 16 возачи за безобѕирно возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9
фб

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода вкупно 16 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број приведени, 14 лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, при што двајца од нив биле малолетници. Дополнително, две лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Најголем број од приведените се регистрирани во Гостивар, каде што четири лица, меѓу кои и еден малолетник, управувале возило без возачка дозвола. Во Штип биле приведени три лица, од кои едно било и под дејство на алкохол, додека во Тетово биле лишени од слобода две лица, меѓу кои и еден малолетник.

По две лица без возачка дозвола биле затекнати и во Скопје, а по едно во Кочани, Прилеп и Дебар. Воедно, по едно лице во Виница и Гостивар управувало возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 10 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 10 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања