Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Во функција камерите на „Безбеден град“ во Дебрца, наскоро и во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Министерството за внатрешни работи информира дека по успешно завршеното финално тестирање, во функција се ставени безбедносните камери од системот „Безбеден град“ на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

Од МВР најавуваат дека во наредниот период системот ќе започне со работа и на сообраќајниците во Охрид и поширокиот регион, каде што камерите веќе се поставени, а во тек е нивната техничка проверка и завршно тестирање.

— реклама —
— реклама —

Со воведувањето на системот „Безбеден град“ се очекува да се обезбеди поефикасен и континуиран сообраќаен надзор, полесно откривање на сообраќајните прекршоци, подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата. Според МВР, неговата примена треба да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

— реклама —

Министерството апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

МВР: „Безбеден град“ придонесе за 40 отсто помалку жртви во сообраќајот

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Нема ништо неуставно во „Безбеден град“, а со тоа нема ниту укинување на системот

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 5 месеци

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања