Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Во Италија запленети 414 килограми хашиш вреден над 4 милиони евра, уапсен Албанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
h_54384372-220098
Илустрација

Италијанската полиција запленила околу 414 килограми хашиш, чија вредност е проценета на повеќе од четири милиони евра, во градот Гвидонија, во близина на Рим.

— реклама —

Во акцијата е уапсен 29-годишен маж од албанско потекло, пренесува „Roma Today“.

Полицијата го запрела осомничениот додека, според наводите од истрагата, се обидувал да внесе неколку големи куфери во багажникот на автомобилот. Во нив биле пронајдени околу 98 килограми хашиш.

— реклама —

Истрагата продолжила откако кај осомничениот биле пронајдени клучеви. Врз основа на нив, полицијата дошла до повеќе простории во Гвидонија и Рим, за кои се сомнева дека биле користени за складирање и дистрибуција на дрога.

— реклама —

При претресот во една од просториите била откриена поголема количина хашиш скриена во фрижидери кои биле користени како складишен простор.

Полицијата пронашла и материјал за пакување на дрогата, како и рачно напишани белешки со евиденција за количини и пресметки.

На 29-годишниот осомничен му е одреден притвор за време на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 1 ден

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 6 дена

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања