Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во Конго би можело да има повеќе од 900 заразени со ебола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm
фото: unsplash

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во Демократска Република Конго моментално се регистрирани 906 сомнителни случаи на ебола, додека се истражуваат и 223 сомнителни смртни случаи поврзани со болеста.

— реклама —

Според податоците на организацијата, продолжува појавата на нови случаи на зараза со сојот Бундибугио, а одреден број инфекции се регистрирани и во соседна Уганда.

Во Демократска Република Конго досега се потврдени 125 случаи на ебола и 17 смртни случаи во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву.

— реклама —

Во Уганда, пак, се потврдени седум случаи на зараза, од кои три биле увезени од Конго. Таму е регистриран и еден смртен случај, но засега нема докази за ширење на болеста во локалните заедници.

— реклама —

Од СЗО предупредуваат дека стапката на смртност кај потврдените случаи се движи меѓу 30 и 50 проценти. Анаис Леганд од Тимот за високоризични патогени при програмата на СЗО за итни здравствени ситуации изјави дека тоа значи оти во крајна линија би можеле да починат до пет од десет заразени лица.

Таа нагласи дека податоците сè уште се прелиминарни и дека се потребни дополнителни истражувања, но додаде дека навремената медицинска грижа може значително да ја намали смртноста.

— реклама —

СЗО потсетува дека во моментов нема одобрена вакцина ниту специфична терапија наменета за лекување на болеста предизвикана од вирусот Бундибугио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Над 5.000 починати од ебола во Конго, бројот на заразени надмина 10.000

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ebola-kongo

Во Конго убиен медицински техничар што лекувал заболени од ебола

Свет | пред 1 седмица

migranti

Најмалку 12 загинати, десетици исчезнати по превртување на пловило во Конго

Свет | пред 1 месец

media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања