Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Во Конго има над 900 сомнителни случаи на ебола, починале 204 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
ebola-kongo

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во Демократска Република Конго се регистрирани повеќе од 900 сомнителни случаи на ебола, од кои 101 се лабораториски потврдени.

— реклама —

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата Икс објави дека бројот на случаи расте како што се засилуваат активностите за надзор и откривање на заразата.

„До денес се идентификувани повеќе од 900 сомнителни случаи, од кои 101 се потврдени“, напиша Гебрејесус.

— реклама —

Министерството за здравство на ДР Конго претходно соопшти дека досега починале 204 лица, од вкупно 867 сомнителни случаи.

— реклама —

Земјата на 15 мај официјално прогласи епидемија на ебола предизвикана од вирусот „Бундибугио“, за кој во моментов нема ниту вакцина, ниту специфичен лек.

Според СЗО, стапката на смртност кај оваа форма на ебола може да достигне и до 50 проценти, поради што организацијата прогласи меѓународна здравствена тревога.

— реклама —

Еболата во изминатите пет децении однесе повеќе од 15.000 животи во Африка, а според податоците на СЗО, смртноста кај различните епидемии се движела од 25 до 90 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Свет | пред 2 седмици

ebola-kongo

Епидемијата на ебола во Конго се шири: Над 1.200 заразени и 321 починат

Свет | пред 1 месец

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Во Конго би можело да има повеќе од 900 заразени со ебола

Свет | пред 2 месеци

ebola-kongo

Полицијата пукаше во воздух за да растера толпа пред центар за лекување на ебола во Конго

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања