Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Во понеделник се очекува поевтинување на горивата: бензините би можеле да поевтинат за 4, а дизелот за 7 денари“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym79aqq73122d9cOIHO1

Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на цените на горивата веќе од понеделник, доколку продолжи стабилизацијата на светските пазари по најавите за мировен договор на Блискиот Исток.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за барел и дека пазарите веќе реагираат на најавите за договор меѓу завојуваните страни во регионот.

„Во принцип, мерките завршија со најавите за постигнатиот договор меѓу САД и Иран. Денеска продолжуваат завршните преговори за финализација на мировниот договор и ценам дека на овој начин пазарот ќе се стабилизира“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека и по евентуалното целосно отворање на Ормускиот Теснец, ќе биде потребно време за нормализирање на испораките на нафта, бидејќи танкерите ќе патуваат со недели до своите дестинации.

— реклама —

Премиерот оцени дека кризата постепено се заокружува и дека до крајот на годината цената на нафтата би можела да се движи меѓу 70 и 80 долари за барел.

Според владините пресметки, во понеделник се очекува бензините да поевтинат за околу четири денари по литар, додека цената на дизел-горивото би можела да се намали за околу седум денари по литар.

— реклама —

„Да почекаме Регулаторната комисија во понеделник официјално да ги соопшти бројките“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања