Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
15022025_MICKOSKI-3

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.

„Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација“, нагласи премиерот Мицкоски.

— реклама —

„И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на Владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40 проценти од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот“, додаде тој.

— реклама —

„Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција.

Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра“, посочи претседателот на Владата Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.

— реклама —

„По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле“, нагласи тој.

„Бевме во Обединетите Арапски Емирати. Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања