Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Во сенка на војната во Иран, нов бран насилство во Авганистан и Пакистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
zemjotres-avganistan

Во сенка на ескалацијата на конфликтот околу Иран, нов бран насилство избувна на границата меѓу Авганистан и Пакистан, каде што и денеска продолжи размената на оган, петти ден по ред.

— реклама —

Иако интензитетот на судирите е намален, нема навестувања дека двете страни се подготвени за примирје. Директните конфликти меѓу поранешните сојузници, кои делат околу 2.600 километри долга граница, се оценуваат како најтешки во последните неколку години.

— реклама —

Талибанското Министерство за одбрана соопшти дека била погодена воздушната база во Баграм, додавајќи дека авганистанските сили уништиле пакистански тенк во пограничната покраина Пактика. Портпарол на министерството изјави дека биле убиени повеќе од сто, а заробени 25 пакистански војници.

— реклама —

Од друга страна, пакистанските безбедносни сили информираа дека продолжуваат воздушните и копнените удари, при што биле уништени складишта за муниција во Хост и Џалалабад, како и складишта за беспилотни летала во Џалалабад. Според Исламабад, досега биле убиени 435 авганистански војници, уништени 188 и заземени 31 непријателска позиција.

— реклама —

Меѓусебните обвинувања и спротивставени бројки дополнително ја усложнуваат безбедносната состојба во регион кој веќе е сериозно дестабилизиран од пошироките геополитички тензии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryncn00gc4vgira8gRohn

Силен земјотрес го погоди Авганистан, потресот почувствуван и во Пакистан и Индија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryh07p5thnofnr93ARHsW

Во Авганистан родители продаваат деца за да преживеат: „Немаме ни леб“

Свет | пред 1 месец

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Свет | пред 3 месеци

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Најмалку 42 цивили загинати во судирите меѓу Авганистан и Пакистан

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања