Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Сплит расте бројот на сифилис и гонореја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Во Сплит расте бројот на случаи на сифилис и гонореја, а лекарите предупредуваат дека станува збор за полово преносливи инфекции кои во последните години повторно се почесто се регистрираат.

— реклама —

Зголемената зачестеност за „Далматински портал“ ја потврди доцентката Дубравка Вуковиќ, раководителка на Клиниката за кожни и полови болести при КБЦ Сплит. Како една од можните причини таа ги посочува промените во сексуалното однесување, на кои, според неа, влијаеле и превентивните терапии за спречување на ХИВ, како што се PrEP и PEP.

Вуковиќ смета дека луѓето станале порелаксирани во однос на сексуалното однесување откако, благодарение на современото лекување, ХИВ се третира како хронична болест. Според неа, тоа е една од причините поради кои повторно се бележи пораст на некои полово преносливи инфекции.

— реклама —

На состојбата во Сплит влијае и туризмот. Вуковиќ посочува дека, за разлика од некои други хрватски градови, во Сплит како голем туристички центар почесто се среќаваат случаи на полово преносливи инфекции.

— реклама —

Дополнителен проблем претставува и растечката отпорност на предизвикувачите на овие инфекции на антибиотиците. Сифилисот стандардно се лекува со пеницилин, но лекарите предупредуваат дека отпорноста на лекови може да претставува сериозен проблем во иднина.

Гонорејата ја предизвикува бактеријата Neisseria gonorrhoeae и најчесто се пренесува преку незаштитен сексуален однос. Може да ги зафати половите органи, завршниот дел на цревото и грлото, а често поминува и без симптоми. Доколку не се лекува, може да предизвика сериозни компликации, вклучително и неплодност.

— реклама —

Сифилисот е бактериска инфекција предизвикана од Treponema pallidum. Во почетната фаза често се појавува безболна раничка, а подоцна може да следуваат осип, покачена температура и други симптоми. Без лекување, инфекцијата со текот на годините може да предизвика оштетувања на нервниот систем, срцето и други органи. Раното откривање и лекување со пеницилин вообичаено ги спречува доцните компликации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања