Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка

Во живо Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Во живо) Од предмет за обид за убиство до врвот на СДСМ: Трифуновски во „Претрес“ за фештите, бегството, сиромаштијата, Алта Банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarylhnqsjs117t09sHy4HG

Прво осуден, потоа ослободен во повторена постапка — што се сменило во предметот што почнал со обвинение за обид за убиство, а подоцна бил преквалификуван во изнуда? Зоран Трифуновски-Жаба, организациски секретар на СДСМ, гостува во живо во „Претрес со Ландов“. Го отвораме судскиот пресврт, но и прашањето: како ја објаснува разликата меѓу двете пресуди и дали политичките врски имале какво било влијание?

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО:

— реклама —
— реклама —

Прес-конференции за минималната плата, а роденденска фешта со партиското раководство — со колку пари живее Трифуновски и колку чинела прославата? Додека СДСМ зборува за осиромашени граѓани, каква порака испраќаат нејзините функционери со сопствениот пример?

На маса се и заминувањата од МВР, кривичните постапки од неговото минато и наводите за притисоци и закани при изборот на раководството на социјалдемократската младина. Што од тоа Трифуновски оспорува, што може да објасни и каква одговорност прифаќа како организациски секретар?

— реклама —

За „Алта банка“ — каде завршува оправданото поставување прашања, а каде почнува создавањето паника кај штедачите? Каков е неговиот однос со Миле Зечевиќ и дали би ги поставувал истите прашања ако Зечевиќ сè уште бил во органите на банката?

— реклама —

Ќе одговори ли и на тврдењата на Андреј Петров за починати членови евидентирани како гласачи? Кој го чува Филипче, колку се прашува Заев и зошто по поразите најтешко се отвора прашањето за сопствената оставка?

Гледајте го „Претрес со Ландов“ во живо во видеото погоре. Спиете ли мирно?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrhj6d9v1rc636fbX6Ei

(ВО ЖИВО) Трифуновски за бегството од Македонија: „Јас сум жртва на режим, Груевски беше владетел на режимот“

Студио | пред 38 минути

— реклама —
media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Андреј Петров тврди: Повеќе од 20 починати членови на СДСМ се евидентирани дека гласале за Филипче

Студио | пред 6 дена

media-libraryn3gnok0kj9d0cVsfXH1

(Видео) Петров: Филипче е некомпетентен, а искуството на Црвенковски може да помогне

Студио | пред 1 седмица

media-library8pabrfndoftk7Z9Obxj

(Видео) Петров: Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања