Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Одлучено е: Маѓар нов мандатар, Фидес оди во опозиција, а по улиците се слави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

Опозициската Тиса оствари убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија, со што нејзиниот лидер Петер Маѓар ќе добие мандат за формирање нова влада.

Според податоците со над 77 отсто обработени гласови, Тиса освоила 138 пратенички мандати – 43 од листи и 95 во едномандатни изборни единици, што претставува недостижна предност во парламентот од вкупно 199 пратеници.

— реклама —

Владејачката коалиција Фидес-КДНП предводена од Виктор Орбан освои 54 мандати, додека Ми Хазанк има 7 пратеници.

Победата на Тиса беше видлива уште од првите резултати, кога партијата водеше со значајна разлика во однос на Фидес, а во текот на вечерта предноста постојано растеше до ниво на апсолутно мнозинство.

— реклама —

Изборите беа обележани и со рекордна излезност – до 18:30 часот гласале 77,80 отсто од избирачите, што е највисок одѕив од 1990 година наваму.

Системот предвидува избор на 199 пратеници, од кои 106 во едномандатни единици и 93 од партиски листи, при што за влез во парламентот потребен е праг од 5 проценти.

— реклама —

Иако конечните резултати ќе бидат потврдени по пребројувањето на гласовите од странство и по евентуални жалби, веќе е јасно дека Петер Маѓар ќе ја преземе власта, означувајќи крај на долгогодишното владеење на Орбан и нова политичка насока за Унгарија.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Партијата на Орбан се дистанцира од поранешниот министер осомничен за мито од 33 милиони евра

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library0lr09iaimh6p2QdjdcL

(Видео) Маѓар со жестоки обвинувања против Орбан по заплената на 17,5 милиони евра

Свет | пред 13 часа

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 2 дена

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања