Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Вооружени цивили патролираат во Каракас по падот на Мадуро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library4op3u6d7g8i01XZLVuo
CNN

Во централните делови на Каракас денеска беа забележани вооружени цивили кои се движат по улиците во близина на државни институции, во сцени што дополнително ја нагласуваат нестабилноста по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Станува збор за припадници на таканаречените „чавистички колективи“ – провладини паравоени групи кои со години дејствуваат во одредени делови од главниот град и имаат фактичка територијална контрола, особено во сиромашните населби. Цивилите биле вооружени со автоматски пушки, што претставува сериозно отстапување од законската рамка во земјата.

— реклама —

Присуството на вооружени цивили на улиците на Каракас не е вообичаена појава. Иако колективите со години функционираат како неформална „сила на редот“ во делови од градот каде државните институции практично се повлечени, нивното јавно појавување во централното градско подрачје се смета за алармантен сигнал.

Пред интервенцијата на американските сили и симнувањето на Мадуро од власт, овие групи имаа сè повидлива улога во одржувањето на неговиот режим. Самиот Мадуро често ги опишуваше како „прва линија“ на својата социјалистичка револуција и како народни бранители на државата.

— реклама —

Опозициските лидери, пак, тврдат дека зад идеолошката реторика се крие организиран криминал, кој со оружје и заплашување ја контролира секојдневната реалност во најранливите квартови. Според венецуелскиот Закон за оружје од 2019 година, носење огнено оружје е дозволено исклучиво за припадници на војската и полицијата, додека секој друг цивил затекнат со оружје подлежи на апсење.

— реклама —

Во услови кога централната власт е во целосен вакуум, појавата на вакви вооружени формации на улиците ја зголемува загриженоста дека безбедносната состојба во Венецуела би можела дополнително да ескалира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на речиси 4.500

Свет | пред 2 дена

media-librarysfjm4bka4q5s8ezav4e

Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.118, речиси 18.000 луѓе останаа без дом

Свет | пред 4 дена

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на речиси 4.000

Свет | пред 6 дена

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 3.500 загинати во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања