Промени тема
Контакт

Вооружени банди нападнаа конвој во Нигерија, убиени најмалку 20 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Свет
media-libraryhl6s1jc6t1l29VwC9qL
Илустрација

Најмалку 20 лица загинаа во напад на вооружени банди врз конвој со трговци во нигериската сојузна држава Замфара, на северозападот на земјата. Конвојот патувал кон пазар под воена придружба, а за нападот соопштија нигериски воени претставници.

— реклама —

Според сведоци, нападот се случил во саботата околу 14 часот, кога конвојот бил нападнат на патот кон пазарот Насарава, во областа Букујум, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Во нападот загинале четворица војници, тројца полицајци, еден припадник на нигерискиот корпус за цивилна одбрана и 12 цивили.

Северозападниот дел на Нигерија сè почесто е цел на напади од тешко вооружени банди кои ограбуваат села, киднапираат жители за откуп и крадат добиток.

— реклама —

Во друг напад, неодамна извршен во сојузната држава Борно, на североистокот на земјата, загинале најмалку 18 жители кои отишле во шума да собираат дрва за огрев. За нападот се осомничени исламски милитанти поврзани со организацијата Боко Харам.

Некои вооружени групи се обидуваат да воспостават калифат во регионот, додека други се занимаваат со грабежи, киднапирања за откуп и присилно регрутирање. Нивните напади досега одзеле десетици илјади животи и принудиле милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynpr4avim64ip7ag8PLW

Авион на нигериското воено воздухопловство се урна, загинаа 20 патници и петмина членови на екипажот

Свет | пред 6 дена

— реклама —
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Трамп: Наредив воздушни удари против ИСИС во Нигерија за заштита на христијаните

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп нареди на Пентагон да подготви можен воен напад врз Нигерија, поради убивањето на христијани

Свет | пред 11 месец

rudnik

Илегална експлоатација на злато завршува со трагедија во Нигерија

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања