Промени тема
Контакт

Вознемирувачко видео од Гостивар: Млади пукаат со пиштоли, снимките се шират на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0ob7h2r2mui10tDyP1j

Вознемирувачко видео кое се споделува на социјалните мрежи предизвика бројни реакции, откако на снимките се гледаат млади лица како пукаат со огнено оружје.

Видеото го објави адвокатот Умејр Мухамеди, кој реагираше на ваквото однесување и постави прашање за опасноста што ја носат ваквите постапки.

„Ова не е во Курдистан, туку во Гостивар. Разбирам сѐ, но не ми е јасно која е поентата млади лица со пиштоли и со калашникови да пукаат, па уште и да се објавуваат на социјални мрежи. Замислете колку луѓе имаат страдано поради вакви глупости“, напиша Мухамеди.

— реклама —

На видеото се гледаат три лица кои држат пиштол подигнат во воздух, додека околу нив има повеќе лица кои го снимаат настанот со мобилни телефони, а и професионална камера.

— реклама —
media-libraryiq996pv36m1t8fBcAKB

Засега не е познато кога точно е снимено видеото, а на снимката има возило со гостиварски таблици. Не е познато ниту дали за случајот постапуваат надлежните институции. „Скопје1“ ќе побара информација од Министерството за внатрешни работи дали е пријавен настанот и дали е започната истрага.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

(Видео) Пукање во училиште во Тајланд: „Стоев пред наставничката кога ја застрела“

Свет | пред 2 седмици

media-librarynap1s2c0mmkvcjDPpur

Пукање во белградско кафуле: Го поздравил со ракување, па го убил

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryeiujeacrlc0hczx0yvD

(Видео) Пукање на забава покрај езеро во Оклахома: најмалку 12 ранети

Свет | пред 3 месеци

media-library70onucsur0ttd8FL6NO

Деветмина убиени во пукање во училиште во Канада, најмалку 25 ранети

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања