Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВРЕДИ: ДУИ призна дека не го решиле прашањето со правосудниот испит на албански јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Коалицијата ВРЕДИ преку соопштение обвини дека ДУИ ја признала одговорноста за фактот што правосудниот испит со години не можел да се полага на албански јазик, посочувајќи дека тоа произлегува од изјавите на шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари.

— реклама —

„Со свои зборови го кажа она што ВРЕДИ го тврди со месеци – дека ДУИ, додека беше на власт, не им давала приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на правосудниот испит“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од ВРЕДИ потсетуваат дека само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласала Законот за правосудниот испит без негово усогласување, со што, според нив, било овозможено испитот да се полага исклучиво на македонски јазик.

— реклама —

„Денес граѓаните јасно го гледаат лицемерието на ДУИ, кога без срам излегува на протести за правосудниот испит. Тоа е потсмев кон Албанците и навреда на интелигенцијата на студентите, бидејќи ДУИ протестира против самата себе“, велат од коалицијата.

ВРЕДИ тврди дека актуелната власт за првпат во историјата на државата овозможува правосудниот испит да се полага и на албански јазик, додавајќи дека имаат „национална одговорност да ги коригираат сите штетни политики и полурешенија што ги оставила 20-годишната власт на Али Ахмети“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 3 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања